СТРЕЛЕЦ
Љубомората ретко ги фаќа, бидејќи и самите имаат проблеми со верноста на партнерот. Покрај тоа, тие се многу активни и друштвени, така што немаат време ниту волја да се мачат со него. За нив постои совршена стабилна врска во која повремено можат да флертуваат и да не одовараат за тоа.
ЈАРЕЦ
Малку љубомора постои, но далеку под просекот. Припадниците на овој знак цврсто стојат на земјата, посакуваат стабилна врска и склони се да веруваат, како и Девиците, дека се подразбира партнерот да е верен, бидејќи тие се такви.
ВОДОЛИЈА
Ова е најмалку љубоморен знак на зодијакот. Толку ретко се љубоморни, по што партнерите знаат да се прашаат дали воопшто се грижат за нив. Се чини како се` да им е рамно. Тие се несигурни сами во себе и знаат да одталкаат во вонбрачни авантури.
РИБИ
Припадниците на овој знак се прилично љубоморни, повеќе од Бикот или Вагата, но помалку од Скорпијата, Овнот, Ракот и Лавот. Тие се склони на долги и стабилни врски и мразат кога нешто ќе им ја наруши таа концепција. Тие се искрени и на партнерите сешто ќе им кажат во текот на времето.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















