Во Велика Британија, поточно во делот на Лондон попознат како Најтсбриџ, постои поранешна позната црква која во меѓувреме е адаптирана во луксузен дом.
Зградата од 19 век повторно е во центарот на вниманието на јавноста затоа што во моментов се продава за неверојатни 43 милиони фунти, и како да не биде кога сè што е внатре пука од луксуз.
Поранешната црква има 1.124 квадратни метри и 7 спални соби со бањи, теретана, сауна, кино, базен, па дури и стаклен лифт.

Во куќата останаа многу детали карактеристични за црквата, како што се високи столбови, огромни прозорци, оригинални слики и дрвени греди. До куќата има 5 ката до кои се стигнува со спирално скалило или лифт.
Интересно е што има неколку простории кои, да речеме, можат да послужат како тајни за новиот сопственик, така што тој ќе може да ја направи поранешната црква уште полуксузен замок.





















