Лето – идеално време за киднаперите и педофилите | Еве како да се заштитите

1853

Десет совети за родителите

1. Клуч на успехот е во комуникаијата. Важно е да се разговара отворено со децата за сите теми, кои се важни за иднината, па дури и евенуталното киднапирање.

2. Знењето е моќ. Разговарајте со децата за потенцијалните напаѓачи, научете ги дека изгледаат како сите нормални луѓе и дека на разни начини ќе се обидат да ги намамат децата.

3. Научете ги на основните методи кои напаѓачите ги користат за мамење на деца: бараат изгубено куче, прашуваат за улица, нудат слатки работи или пари со цел детето да влезе во нивниот автомобил, се закануваат дека ќе повредат друг член од семејството доколку детето не оди со нив.

4. Немојте да ја означувате облеката, ранците или другите лични предмети со името на детето. Напаѓачот може таа информација да ја искористи за да ја здобие нивната доверба.

5. Договорете се со детето што да прави доколу случајно се оддели од вас и се изгуби во трговскиот центар, супермаркет или некое друго јавно место. Советувајте го да побара помош од некои мајки со деца или некои други жени. Можат да побараат пулт за информации или полицаец.

6. Вашето детете треба да го знае своето име и презиме, адреса и вашиот број на телефон. Тие би требало да ги знаат и броеви за итни слулчаи.

7. Треба секогаш да знаете каде ви се децата, како и адресите и броевите на телефоните од нивните другари.

8. Не заборавајте да ги обновувате податоците за детето. Фотографирајте го секои 6-12 месеци.

9. Бидете истрајни во едукација на децата за сите опасноти, вежбајте заедно и со глуми оживејте ги можните несакани ситуации.

10. Доколку вашето дете исчезне, обидетете се да не правите паника. Прво пребарајте дома, потоа проверете да не е кај соседите или пријателите. Ако и понатаму не можете да го пронајдете, повикајте полиција. Не пости временски период кој мора да помине пред да го пријавите исчезнувањето на детето.