Лето – идеално време за киднаперите и педофилите | Еве како да се заштитите

157

Десет обврски на родители плус десет работи кои вашето дете мора да ги знае

Љубовта кон децата подразбира и непрекината грижа и потреба да се заштитат од различни опасности кои демнат во нивното опкружување.

Клинт Ван Зант, поранешен агент на ФБИ, предлага десет стратегии за вас и вашето дете за избегнување на овие опасности, но и како да се однесувате доколу дојде до несакани ситуации.

Десет совети за децата

1. Не влегувај во ниту еден автомобил, доколу родителите лично не дозволат. Исто така не се доближувај до лица кои те следат од автомобил или пеш.

2. Не верувајте им на возрасни лица, кои од вас бараат помош, на пример бараат изгубено куче или некоја улица.

3. Брзо повлекување од лицата кои те принудуваат да одиш со нив. Слободно врескај: „ Оваа личност не е мојот татко ( или мајка)“.

4. Избегнувај да одиш некаде сам. Доколку сакаш да излезеш од дворот или од игралишето задолжително да се прашаат родителите за дозвола, особено ако се оди кај некого.

5. Никогаш немој да стопираш. Доколку родителите не ти дозволат, немој да се возиш со други лица.

6. Возрасните не би требало да ти ги кажуваат нивните тајни. Доколку тоа се случи, кажи им на родители или наставникот. Исто така не дозволува никој да те фотографира.

7. Не треба никој да ти го допира телото на местата, кои ги покриваат костимите за капење, но исто така и ти да не допираш други. Твоето тело е нешто посебно и интимно.

8. Имаш право да им кажеш НЕ на возрасните, па дури и на роднините и пријателите, доколу се обидуваат да те натераат да направиш нешто против твоја волја.

9. Договорете се со родителите на кој начин ќе ви порачаат дали е безбедно да одите со некое лице.

10. Вежбај посебен извик, кој е гласен и долго трае Така на лицето кое се обидува да те повреди му порачуваш: „Знам што се обидуваш да направиш. Не сум лесен плен“, а лицата во близина ќе видат дека си во опасност. Кога викаш вдишуваш длабоко, добиваш кислород и дополнителна храброст и сила да станеш и да избегаш.

Десет совети за родителите

Продолжува на страна 2