Вашиот месец на раѓање ги открива фасцинантните тајни за вашата личност

2624

Септември

Ако сте родени во септември, имате многу традиционален дух. Уживате во едноставни нешта во животот и сакате да одвоите време да го направите тоа. Бавно се движите, го вдишувате светот околу себе, го цените своето време. Другите, пак, не можат да го разберат вашето темпо, но и не мора да го разберат. Вие сте класична душа која цени добри манири, гостољубивост и домашни десерти.

Не ви е гајле за технологијата. Со радост поминувате време во градината или се восхитувате на антиквитетите. Љубезни сте и убави, луѓето ги привлекува вашиот класичен шарм.

Наскоро ќе бидете благословени со голема промена. Нешто ви лежи на срце во последно време, бидете уверени дека вашата желба наскоро ќе се оствари. Продолжете како и досега, ќе најдете благослов. Можеби нема да биде во моментот и можеби нема да биде во форма која сте очекувале, но судена ви е. Прифатете ја.

 

Октомври

Ако сте родени во октомври, тогаш сте креативна, ентузијастичка личност и се давате во сè што работите. Вие сте тип на човек кој никогаш не остава ниту еден камен несвртен, многу сте горди на својата работа. Сè правите со срце и подготвени сте да направите сè што е потребно за да ја завршите работата како што треба.

Ја цените историјата и сакате да научите нови работи. Под вашата тврда надворешност, вие сте меки, љубезни и чувствителни. Уживате во фини работи во животот – но не се плашите ако се извалкате. Вие сте шармантни и страсни, а луѓето природно се привлечени кон вас.

Често се чувствувате малку погрешно разбрани, но не грижете се. Многу наскоро, ќе се најдете на вистинскиот пат со вистинските луѓе, и сè ќе кликне. Конечно ќе бидете во можност да се изразите на начин на кој секогаш сте сонувале. Ќе се чувствувате како дома.

Ноември

Ако сте родени во ноември, вие сте силни, отпорни и тврдоглави. Но, зад вашите цврсти ѕидови се наоѓа срце од злато. Понекогаш ви е тешко да се искажете, но тоа е затоа што имате тенденција да чувствувате сè одеднаш.

Вие сте чувствителни и грижливи, сакате да се смеете. Вие сте многу шармантни и храбри така што секогаш ќе направите голема сензација каде и да се појавите. Ништо не ве задоволува и ве радува како кога треба да ги засукате ракавите и да ја завршите работата.

Понекогаш се борите со минатото – но штом сето тоа ќе го ослободите вашиот живот ќе се промени на начин на кој никогаш не сте можеле да го замислите. Наскоро ќе доживеете големо олеснување, ќе ви се оствари она за што копнеевте со години. Не се борете. Тоа е за ваше добро, и ќе бидете среќни заради тоа.

Декември

Ако сте родени во декември, значи дека сте весела, духовита личност која ужива на топлината, комфорот и бојата. Ви се допаѓа редот и организацијата, а неопходни се и двете за работите да функционираат. Делувате гордо, мирно и ладно однадвор, но многу чувства пливаат испод – и покрај вашите најдобри напори, понекогаш меурот изронува.

Сакате да размислувате и создавате, а најсреќни сте кога сте во релаксирана атмосфера. Имате група на внимателно избрани пријатели до вас и многу сте заштитнички настроени кон својот приватен живот. Вие сте традиционални, скромни и вредни.

Наскоро ќе доживеете будење. Вашиот живот ќе оди во насока која не сте ја замислувале. Тоа би можело да биде тешко на почеток, но прифатете ја оваа промена. Можете да поднесете и повеќе отколку што сте мислеле дека е можно. Ќе сфатите дека тоа ви е судено.