Кој бил Свети Никола? Фото/Видео

921

Како живеел, како ја бранел вистинската вера и како влијаел врз популарната култура?

Роден во малоазискиот град Патара, пристаниште на медитеранскиот брег во денешна Турција, Свети Никола живеел во 4 век, далеку пред расколот меѓу православните и католичките цркви во 1054 година. Неговите родители, богатите Грци Теофан и Нона, го добиле за време на римскиот император Валеријан (253-260), алчен човек, кој поради страста кон златото, организирал воен напад на Персиската империја.

На неговото крштевање му било дадено името Николај, што значи победник на народот. Неговиот духовен живот го поучувал неговиот чичко Николај, епископ на Патара, со кого подоцна се замонашил во манастирот Нов Сион. По смртта на неговите родители, Никола го продал целиот имот и парите ги поделил на сиромашните.

Едно време бил свештеник во неговиот роден град, бил милостив и многумина сметале дека ќе го наследи вујкото како епископ. Сепак, бидејќи бил скромен, се повлекол во осаменост, подготвен да ја чека смртта. Христијаните веруваат дека тогаш му се јавил гласот на Господ и му рекол: „Никола, оди кај народот за подвиг, ако сакаш јас да те крунисам“. Потоа го напуштил самотниот живот и заминал меѓу луѓето. Бил избран за архиепископ на градот Мир во Ликија (тогашна Римска империја, област во денешна Турција).

Патара

За време на владеењето на императорите Диоклецијан и Максимијан, во време на прогонството и тортурата врз христијаните, бил затворен во зандана, но и таму не престанал да проповеда и да шири христијанство. Тој присуствувал на Првиот вселенски собор во Никеја, но откако му врзал 2-3 шлаканици на Александрискиот свештеник Ариј, бил обвинет за ерес, отстранет од соборот и му било забрането понатамошно присуство. Во христијанската традиција се споменува дека го одобриле неговото повторно присуство на соборот кога им се јавил во сон гласот на Господ Исус Христос и Пресвета Богородица преку избрани бискупи, дека е направена голема неправда кон Свети Никола, кој ја бранел вистинската вера.

Луѓето го сметале за светец уште за време на неговиот живот. Го викале на помош при болест, несреќа или слабост. Христијаните верувале дека тој одговарал на сите и дека им помагал на сите, а од неговото лице блескала светлина. Се разболел во старост и починал на 6 декември 343 година. Свети Никола се слави и на тој ден, што е 19 декември според новиот календар.

Бил погребан во катедралната црква на епархијата Мирлик, а на крајот на 11 век неговите мошти биле пренесени во Бари, во манастирот Свети Јован Крстител. Освен што споменот на денот на смртта на Свети Никола се одбележува на 19 односно на 6 декември, датумот што исто така се одбележува во чест на Свети Никола е 22 мај односно 9 мај, во спомен на пренесувањето на неговите мошти во Бари.

Православните икони го покажуваат како висок човек во препознатлива црвена наметка, со епископска митра на главата и стап во раката, како на децата им дава подароци од вреќа.

Влијание врз популарната култура

Денес празникот Свети Никола има големо значење во целиот свет, бидејќи неговиот карактер е поврзан со создавањето на ликот на Дедо Мраз, а тие ги нарекуваат Санта Клаус и Санта Николас. Во субалпските земји и регионот, Денот на Свети Никола е поврзан со Крампус, обичај чие потекло датира од германско-словенската традиција.

Свети Никола првпат се појавил како Дедо Мраз на 23 декември 1823 година, по објавувањето на една песна од анонимен автор „Посета на Свети Никола“ (сега позната како „Ноќта пред Божиќ“) во Трој, државата Њујорк. Песната подоцна му се припишува на Климент Кларк Мур. Многу од модерните атрибути на Дедо Мраз се воспоставени во оваа песна, како што е возењето санки кои слетуваат на покривите, влегувањето преку оџак и торба полна со играчки.

Како што минувале годините, Дедо Мраз во популарната култура еволуирал во голема личност. Еден од првите уметници што го дефинирал модерниот изглед на Дедо Мраз е Томас Наст, американски карикатурист од 19 век. Во 1863 година, во неделникот Харперс Викли се појави слика на Дедо Мраз насликана од Наст.