Обично чистењето на ушите се смета за манифестација на добра лична хигиена, но отстранувањето на ушната кал може да ги оштети. Ова се појаснува од американски истражувачи.
Специјалистите од Американската академија за оториноларингологија забележуваат дека поставувањето на надворешни предмети во ушниот канал, какви што се чепкалки за уши, може да доведе до голем број на проблеми со слухот.
Во прилог, на тој начин се зголемува формирање на ушна кал. Тоа чистење на ушите го зголемува и ризикот од дупчење на тапанчето, оштетување на чувствителните коски и развој на инфекција.
Постои и ризик од опструкција што може да го блокира ушниот канал и да доведе до болка, чешање, тинитус, губење на слухот и др. Кога ги чистиме ушите со чепкалки или со некој друг предмет, целта е да се отстрани ушната кал, а всушност таа оди уште поназад и доведува до дополнителни проблеми.
Специјалистите дополнуваат дека спротивно на популарното верување, ушите се самочистат. Така дезинформираността на мнозина води до нездрави навики.
Ушната кал е природна материја, што организмот ја формира за да ги чисти, брани и навлажнува ушите. Таа дејствува како само-чистечки агент кој го одржува здравјето на ушите, ја лови нечистотијата, прашината и другите мали честички и го спречува паѓањето во ушите.
Движењето на вилицата и растењето на нова кожа во ушниот канал помагаат за движењето на ушна кал од внатрешниот дел на увото нанадвор, од каде таа лесно може да биде отстранета.
Овој процес е природен и непресушен. Постои веројатност тој да се наруши, што може да доведе до акумулација на ушната кал и блокирање на ушниот канал.
Состојбата влијае кај едно на десет деца и еден на секои дваесет возрасни. Тоа треба да се третира од медицинско лице.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.