Кога ќе почине лицето кое го сакате, бидете сигурни дека сте го добиле вашиот ангел чувар.
Денот кога ќе ја загубите вашата мајка, ќе биде најлошиот и најтажниот ден во животот. Кога таа ќе замине, сè ќе се промени засекогаш. Ќе почнете да чувствувате нешто што дури и не сте знаеле дека постои. Ќе размислувате за нешто што порано не ви се случило. Ќе бидете изненадени од тоа што претходно не сте забележале.
Тоа ќе биде нешто потполно ново и ќе ви го скрши срцето.
Без разлика колку години имате, ќе почувствувате дека на оваа Земја и недостасува вашата мајка. Ќе сфатите колку ви била важна и драга. Колку сте ја сакале, колку нејзиното присуство и љубов сте го земале здраво за готово. И дури тогаш кога ќе го загубите најсаканото лице, буквално сте парализирани од мислата: „Каде е таа сега, во кој свет?“
Ќе ви кажам каде е: таа е до вас! Иако изгледа неверојатно, но таа секогаш е со вас. Таа засекогаш останува ваш ангел чувар што никогаш не ве напушта и не заборава. Невозможно е да се поверува во тоа, но можете да се заколнете дека сè уште ја чувствувата незината миризба, нејзиното присуство. Не ќе можете да ја допрете, да ја повикате, но таа секогаш ќе биде покрај вас. Понекогаш срцето само ќе ви ги запее зборовите на вистинската среќа и ќе кажете „Мама“, иако одамна не е покрај вас.
Со денови, месеци и години, ќе се прашувате дали таа знае колку сте ја сакале, колку ви недостига, колку ви значи … Вината ќе ве јаде секој ден зошто повеќе пати не сте и кажале дека ја сакате, зошто повеќе време не сте поминале со неа, зошто не сте имале повеќе време за вас двете…
Минутите ќе поминат како денови. Деновите како години. Времето ќе запре, заробено во една неподнослива болка. Затоа што токму тоа се случува кога од животот заминува најскапоцената личност на светот – нашата мајка…
Ќе ви недостасуваат нејзините повици, бојата на нејзиниот глас, нејзината насмевка, нејзиниот допир … И прашањата ќе навираат и ќе ве мачат со целата своја тежина:
“Дали и недостасувам?”
“Дали ми кажала сè што сакала да каже?”
„Дали разговаравме за сè важно и значајно?“
Времето не ги лекува овие рани. А дали знаете зошто? Затоа што сеќавањата на неа никогаш не згаснуваат. Тогаш ќе сфатите дека таа секогаш е со вас. Секогаш ќе ве сака. Секогаш ќе биде тука, затоа што вашите души засекогаш се поврзани. Таа врска е посилна од смртта. Таа љубов е самиот живот.
Мама.
zenskikutak.rs