Кога ќе наполните четириесет години, вака треба да се храните

458

Со оваа исхрана болестите и наталожените масти од стомакот исчезнуваат!

Со текот на годините, сè потешко се ослободуваме од наталожените наслаги околу стомакот, а се зголемува и ризикот од срцеви заболувања и остеопороза. Добрата вест е дека можеме да ја подобриме ситуацијата со менување на исхраната.

Се доближувате или сте зачекориле во четириесеттите години и забележавте дека имате сè помалку енергија? Во тој животен период, луѓето обично добиваат повеќе масти во подрачјето на стомакот, дури и ако не ги менуваат прехрамбените навики. Не се изненадување овие промени, особено кај жените, бидејќи метаболизмот се забавува, како и нивото на естрогенот во организмот. Во исто време, слабее еластичноста на крвните садови.

Сето ова прави потешко да се ослободите од акумулираните наслаги околу стомакот, а се зголемува и ризикот од срцеви заболувања и остеопороза. Добрата вест е дека можеме да ја подобриме ситуацијата со менување на исхраната. И тоа вака …

Зголемете го внесот на калциум

Жените постари од 50 години треба да внесат околу 1.200 mg калциум на ден за да го спречат појавувањето и развојот на остеопорозата. За жените во четириесеттите, таа количина е 1.000 мг.

Задолжителните медицински прегледи за жени на возраст од 30 до 60 години: Можат да ви го спасат животот!

Јадете повеќе протеини

Секој оброк треба да содржи протеини, најмалку 30 грама по оброк. Како што старееме, така и мускулите ослабнуваат, така што им е потребен внес на протеини за да се опоравуваат побрзо и да останат цврсти.

Намалете го внесот на сол

Надуеноста е чест проблем за време на менопаузата, а исхраната со многу сол може да ја влоши состојбата или дури и да ја предизвика. Солта е “скриена” во многу прехранбени производи за кои дури и не би помислиле, како деликатеси, па затоа не се потпирајте на вкусот на солта, туку на количеството на сол која некоја намирница ја содржи. Прочитајте ги декларациите на производите.

Продолжува на страна 2