Јавноста е згрозена од експериментот | Човечката бесмртност никогаш поблиска, отворен е патот за трансплантација на мозокот

2772

Свинските мозоци за прв пат биле успешно зачувани во живот надвор од телото за време на контроверзниот експеримент кој на луѓето еден ден би можел да им овозможи бесмртност.

Мозоците на повеќе од стотина свињи успеале да преживеат до 36 часа откако биле обезглавени главите на животните, соопштиле истражувачите на Универзитетот Јеил.

Новиот експеримент би можел да го отвори патот за трансплантација на мозок и да им овозможи на луѓето во иднина да станат бесмртни преку поврзување на нивните мозоци со вештачки системи кои би ги одржувале во живот откако телото ќе пропадне, пишува Daily Mail.

Доктор Ненад Сестан го претстави новиот метод на научниот собир на Националниот институт за здравство во Бетесд, Мериленд.

Научниците успешно успеале да отстранат глави помеѓу 100 и 200 свињи и да ги оживеат нивните мозоци откако главите биле одвоени од телото.

Органите биле поврзани со системот наречен “BrainEX”, кој клучните делови на мозокот го снабдувал со крв богата со кислород. Системот, исто така, содржел и хемикалии кои спречуваат оток.

Доктор Сестан истакнал дека за време на експериментот се откриле милијарди мозочни клетки кои биле живи и здрави, и дека постои можност мозокот на неодредено време да се одржува во таа состојба.

Следниот чекор, рече тој, ќе биде враќање на свеста. Неврологот наведува дека тимот сеуште не се обидел да го стори тоа, бидејќи тоа е “многу непознато поле”.

Овој експеримент исклучително е важен, бидејќи постојат големи сличности помеѓу начинот на кој функционира свинскиот и човечкиот мозок, велат научниците.

Сепак, многумина не биле воодушевени со експериментот – многу интернет корисници го оцениле експериментот како неетичен.

“Ова е чисто зло. Целосен недостаток на емпатија”, пишува еден од коментаторите.

“Можете да го сметате ова за успех само ако имате морал на д-р Менгеле”, рече друг.

Истражувањето беше објавено во магазинот “Technology Review” од Технолошкиот институт во Масачусет.