Ќофтиња од компир и туна

2027

Потребно

  • 2 големи компири
  • 185 г туна од конзерва (која била во растително масло)
  • 2-3 страка зелен кромид или една мала глава црвен
  • 1-2 чаша пченка од конзерва
  • сол, црн пипер
  • 1 големо јајце
  • ½ чаша лебни трошки + уште околу чаша за валкање на
    ќофтињата

Подготовка

Сварете го компирот, потоа ставете го во сад. Кон него додадете исцедена туна, сецкан кромид, сол, црн пипер, трошки, пченка и јајце. Добро промешајте. Од добиената смеса обликувајте мали и рамни ќофтиња.

Истурете во чинија лебни трошки и извалкајте го секое ќофте. Во добро загреана тава ставете мала количина маслиново масло и ќофтињата. Послужете со сос по ваш избор.