Трагичната судбина на првите петорки во светот | На преубавите девојчина државата им го уништила животот

1296
Анет, Сесил, Ивон, Мари и Емили Дион

Во минатото, пред модерната медицина да напредува, дури и близнаците кои ќе го преживеат раѓањето се сметале за реткост, а тројките биле вистинско чудо!

Затоа не е изненадувачки што светската сензација предизвикана на 28 мај 1934 година од фактот дека една жена во Канада родила живи и потполно здрави – пет девојчиња!

Првите петотки за кои се знае дека го преживеале породувањето и најраното детство, се родени во близина на селото Корбеил, недалеку од Северниот залив во Онтарио, Канада. Анет, Сесил, Ивон, Мари и Емили Дион се родени два месеци порано и повеќето стравуваа дека, толку мали, нема да преживеат.

Сепак, на свет ги донесе д-р Алан Рој Дафо, кој ги организирал другите мајки да донираат млеко за прехрана на петте девојчиња, а се вклучиле и медицинските сестри од канадскиот Црвен крст и – сите пет девојчиња преживеале.

Бебињата станаа ѕвезди преку ноќ… и тоа било најлошото нешто што можело да им се случи!

Најголемата „туристичка атракција“ во Канада

Петте девојчиња Дион и д-р Дафо

Семејството Дион било сиромашно. Таткото и мајката биле работници и едвај врзувале крај со крај. Тоа било доволно Владата на Канада да процени дека девојчињата „немаат услови“ за правилен раст и квалитетен живот, и им го земале старателството на родителитеи му го дале баш на доктор Дафо, пишува порталот “The vintage news”.

И покрај фактот дека бебињата биле целосно здрави и добро згрижени, кога имале само четири месеци, тие биле сместени во специјално изградена болница. Овој објект на прв поглед изгледала како и секоја друга болница, но имала и некои „спорни делови“ – простории што биле отворени за туристи, кои изгледале на забавен парк и каде што посетителите можеле да ги „гледаат“ петте девојчиња во играта или некои други дневни активности.

Местото наскоро станало познато како „Квинтленд“, а девојчињата биле најголемата туристичка атракција во земјата. Тие биле под постојан надзор, за нив се грижела армија медицински сестри и лекари кои вршеле бројни научни истражувања. Ретко се наоѓал некој кој не бил член на медицинскиот тим. Според сведочењата на оние кои се грижеле за нив, девојчињата научиле да кажуваат „доктор“ отколку „мама“.

Секој момент од денот за девојчињата бил внимателно испланиран. Тие се појавувале пред посетителите три пати на ден, а бидејќи јавноста била многу заинтересирана за нив, наскоро во продажба се нашле „сувенири“, од кои најпопуларни биле куклите направени по ликот на Анет, Сесил, Ивон, Мари и Емили.

Во периодот од 1934 до 1943 година, над три милиони луѓе го посетиле „Квинтленд“ и сè се одвивало со одобрение на канадските власти. Девојчињата се појавиле и во три холивудски филмови кои во суштина биле измислена приказна за нивните животи, а во 1939 година биле претставени и на идната британска кралица Елизабета Втора.

Се верува дека владата и локалните претприемачи оствариле профит од скоро половина милијарда долари благодарение на овој „бизнис“. Сестрите Дион, се разбира, никогаш не виделе ниту денар од овие пари.

Трагичен живот вон „стакленото ѕвоно“

Девојчињата за време на една од „претставите“ за јавност

Девојчињата биле „изложувани“ се додека не наполниле девет години. По големата борба за старателство во ноември 1943 година, конечно биле вратени на своите родители. Сепак, ова не е „хепи енд“ на нивната приказна.

По првичната траума на враќањето кај таткото и мајката, кои им биле сосема непознати, сестрите повторно се нашле во „шоу-бизнисот“. Овој пат, во она што биле принудени (и од него заработувале) нивните родители.

Сестрите биле носени на турнеи, јавно прикажувани пред насобраната толпа, сè за да заработат повеќе пари. Тие воопшто немале пријатели, образовани се дома и воопшто – многу малку знаеле за светот надвор од „стакленото ѕвоно“ во кој живееле. Во подоцнежните интервјуа, родителите ги обвиниле за вербално и физичко малтретирање.

– Парите се чудовиште, а толку многу луѓе околу нас за жал потклекнале пред нив – изјавила една од сестрите.

Живееле со своето семејство до 18-та година од животот, а потоа ги прекинале сите контакти со нив и со докторот Дафо.

А потоа…

Сестрите Дион со родители и свештеник

Наспроти светлата на сцената под кои пораснале сестрите Дион, тие подоцна воделе тивок и затскриен живот. Три се венчале и имале деца. Една станала монахиња.

Владата на Онтарио официјално им се извини на сестрите за експлоатацијата што ја доживеале како деца. Во март 1998 година тие добиле компензација од 4 милиони долари за девет години поминати во Квиндленд.

Емили починала во 1954 година од мозочен удар. Мери починала во 1970 година од тромб. Останатите три сестри живееле заедно се додека едната – Ивон – не починала во 2001 година.

Денес само две сестри се живи – Анет и Сесил.

Направени се неколку документарни филмови за нивните животи и напишани се три книги кои служеле како инспирација за неколку серии и филмови.