Стрелец
Стрелците се искрени и затоа не е чудно што се земаат здраво за готово. Некогаш премногу се фокусираат на едно нешто, што забораваат дека околу нив се случуваат и други работи.
Јарец
Јарците се перфекционисти со високи стандарди и многу се нервираат што и другите не се исти како нив. Сакаат дисциплина, но и да имаат контрола врз тоа што се случува наоколу.
Водолија
Водолиите се интелектуалци кои ја сакаат својата независност, уживаат во самотијата, но тоа често предизвикува да бидат полни со негативна енергија дури и кон најблиските личности.
Риби
Тие се многу љубезни и подготвени да им помогнат на сите, но ако притоа бидат повредени, можете да бидете сигурни дека никогаш нема да заборават на тоа и секогаш ќе сакаат да возвратат.



















