БИЛ ВИСОК 4,5 МЕТРИ И ТЕЖЕЛ 7 ТОНИ | Поради екстремни суши, река во САД пресушила, па пронајдени траги од диносаурус стари 113 милиони години

1381
Acrocanthosaurus

Научниците велат дека трагите наскоро повторно ќе бидат покриени бидејќи се предвидува дожд.

Поради екстремни суши, реката во паркот на Dinosaur Valley во Тексас пресуши и пронајдени се траги од диносауруси од пред околу 113 милиони години, соопштија од паркот во понеделникот.

„Повеќето од трагите кои неодамна беа откриени во различни делови на реката во паркот припаѓаат на acrocanthosaurus. Станува збор за диносаурус кој бил висок околу четири и пол метри и тежел близу седум тони како возрасен“, изјави портпаролката на паркот Стефани Салинас Гарсија за Си-Ен-Ен.

„Во парк во Glen Rose, Тексас, најдовме и траги од sauroposeidon, кој би бил висок околу 18 метри и тежок околу 44 тони“, додаде таа.

Sauroposeidon

Трагите повторно ќе бидат покриени

Поради екстремните суши, голем број реки во паркот пресушија. Во нормални временски услови, трагите од диносаурусите во коритото на реката би биле под вода и покриени со седименти.

„Секогаш е возбудливо да се најдат нови траги од диносаурус во паркот“, рече Гарсија.

Научниците велат дека патеките наскоро повторно ќе бидат покриени бидејќи се предвидува дожд.

„Иако овие патеки ќе бидат видливи за кратко време, сепак сме многу возбудени. Паркот на долината на диносаурусите ќе продолжи да ги штити овие патеки стари 113 милиони години не само за сегашноста, туку и за идните генерации“, рече Гарсија.