КАКО ТРОШОЦИТЕ ВЛИЈААТ НА БРАКОТ ? Ако сте го купиле овој предмет за свадбата, поголеми се шансите да се разведете

912

Истражувањето спроведено од професорите Andrew Francis и Hugo Mialon од University of Atlanta покажало дека колку е поскап свршеничкиот прстен, толку е пократок бракот.

Истражувањата покажаа дека бракот кој започнува со раскошна церемонија и скап свршенички прстен веројатно нема да трае.

Анкетирале 3.000 возрасни Американци кои биле или се уште се во брак во одреден момент од нивниот живот. Откриено е дека луѓето кои потрошиле многу пари на прстен имаат поголема веројатност да се разведат.

Мажите кои потрошиле помеѓу 2.000 долари (1.800 евра) и 4.000 долари (3.700 евра) имале 1,3 пати поголеми шанси да се разведат од оние кои потрошиле помалку од 2.000 долари. Просечната цена на прстенот што го купиле испитаниците во ова истражување изнесувала околу 2.500 долари (2.330 евра).

Трошоците влијаат на бракот

Се истражувало и како цената на самата свадбена церемонија влијае на бракот. Паровите кои потрошиле 20.000 долари (18.600 евра) или повеќе на својата свадба (без цената на прстенот) имаат 3,5 пати поголеми шанси да го завршат бракот со развод од оние кои потрошиле помалку на прославата.

Истражувачите известуваат дека финансиските трошоци за раскошните и скапи венчавки доведуваат до стрес, кој на крајот влијае на самиот брак, па големите свадби може да бидат знак дека парот се венчал од погрешни причини.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.