Како недостатокот на сон ја уништува кожата 2.

996

Веќе ги откривме првите рефлексии на ненаспаноста врз кожата, но сега е време да ја дополниме листата.

Без разлика дали повод за недостатокот на сон се неверојатните средби со новата љубов или едноставно премногу грижи во работата, едно е сигурно – одморете се.

Не можете да го надокнадите доброто спиење во секое време на денот – најкорисни се часовите од 10 навечер до 8 наутро.

Користете го времето за одмор целосно и радувајте се на свежиот и убав изглед.

Во меѓувреме погледнете како се одразува заморот на кожата и целото тело.

1. Тренингот

Кога немате доволно енергија, нема да имате желба да тренирате. Како што знаеме добро, спортот е здравје. Освен што помага на вашето тело да се оформи и да изгледате добро, тренинзите помагаат за сјај на кожата, нејзиното зацврстување и свежиот изглед.

2. Повеќе сон – попривлечни

Колку почесто се наспивате здраво, толку попривлечни ќе станете со времето. Доброто расположение е дел од енергијата што човек има. Светкањето и ентузијазмот се последица на одмарените тело и свест, а тие се главниот чекор кон успешен живот.

3. Помалку брчки

Веќе спомнавме дека недостатокот на сон води до појава на нови брчки. Непријатен факт е дека дури и да имате некоја сосема мала брчка, од ненаспаност, за некое време ќе забележите колку длабока и голема станала таа. Кога спиеме, телото се поти повеќе и тоа помага за намалување на појавата на брчки.

4. Храна

Кога нашето тело е заморено, но будно, тоа се труди да се израмни со храна. Сите сме забележувале колку ни се јаде апсолутно сè, кога ни се спие. Токму оваа состојба нè упатува да ја нарушиме строгата диета и да се впуштиме лакомо кон сосема нездрава храна, која дефинитивно влијае на севкупниот изглед на кожата.

5. Среќа

Кога ние сме несреќни, целото тело страда. Потрудете се да бидете среќни и спијте секоја ноќ барем по 7-8 часа. На овој начин ќе се задржите полни живот, здрави и убави.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.