Како да го зголемите тестостеронот по природен пат

1312

Иако секој маж сака да има високи нивоа на тестостерон во своето тело, постојат многу фактори во начинот на животот, кои можат да му го попречат тоа.

Тестостеронот е од суштинско значење за изградба на мускулите, согорување на мастите, како и за здравственото либидо и активен сексуален живот.

За жал кај повеќето мажи тестостеронот се намалува по 30-те што ги прави поподложни на болести како дијабетес тип 2, кардиоваскуларна попреченост, дебелина, сексуални дисфункции и ја намалува мускулната маса.

Следете ги овие чекори, ако сакате да се зголеми нивото на тестостерон на природен начин!

Јадете доволно маснотии

Ако сакате да го зголемите природното производство на тестостерон, имате потреба од диета која вклучува поголеми количини мононезаситени и заситени масти.

Истражувањата покажуваат дека мажите кои се префрлаат од режим / диета на висока содржина на масти (13% заситени масти) кон таква со ниска содржина на масти (5% заситени масти) имале измерено значително пониски нивоа на тестостерон. Корисните масти може да си ги набавите, ако јадете маслиново масло, бадеми, авокадо, црвено месо, кокосово масло, жолчка од јајце, црна чоколада, сирење и т. н.

2. Наситувајте се на сончеви зраци

Според списанието European Journal Of Endocrinologyen, мажи со нормални нивоа на витамин D имаат повисоки нивоа на тестостерон и се посилни, постегнати и здрави од оние со недоволни нивоа на овој витамин.

Затоа е убаво да се изложувате на сонце минимум 10 минути на ден. Овој витамин може да си го набавите и преку консумирањето на жолчка, црна чоколада, сирење и т.н.

Направете ги тренинзите пократки, но и поинтензивни

Изненадувачки е дека должината на тренинзите може да влијае на нивото на тестостерон. Тренинзи со времетраење од час и половина, може да почнат да го зголемуваат нивото на кортизол и последователно да ги намалат овие на тестостерон.

Спиј доволно

Сонот е од суштинско значење за обнова и за здравјето во целина, па си обезбеди минимум 7-8 часа спиење секоја ноќ. Истражувањето покажува дека мажите кои спијат само по 4 часа на ноќ имаат 60% помалку тестостерон во крвта отколку оние кои спијат по 8 часа, пишува Journal Of Andrology.

Избегнувајте шеќер

Тестостеронот привремено го намалува нивото кога шеќерот во крвта се зголемува, ако постојано ги сносите брзо деградирачките јаглехидрати, шеќерот во крвта ќе е постојано висок. Како резултат на тоа ќе се развие хроничен недостаток на тестостерон.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.