Каде жените сакаат да ги допираат, а каде мажите

3575

Според неодамна објавената студија, крајно е време да го проширите својот репертоар во однос на ерогените зони.

Дали сте сигурни дека знаете на кои точки мажите и жените целосно го губат разумот? Резултатите би можеле да ве изненадат.Кога станува збор за нивото на возбуда, жените велат дека бакнувањето и допирањето на задниот дел од вратот повеќе ги возбудува од допирите и бакннежите по градите.

Но, тоа, се разбира, не значи дека треба да ги избегнувате. Авторот на студијата, Oliver Turnbull вели дека на телото на мажите и жените постојат многу ерогени зони кои непотребно ги запоставуваме, а за секс полн со страст и од кој искри летаат, не треба да се фокусираме исклучиво на оние познатите точки, пишува Men’s Health.

Related image

Дали сте подготвени да го тестирате вашето знаење за ерогените зони? Проверете како мажите и жените на скала од 1-10 ги оцениле ерогените зони и каде сакаат да бидат допирани. Резултатите би можеле да ве изненадат, а ако сакате да бидете вистински сексолог, ова знаење многу ви е потребно.

Мажите и жените ги рангирале ерогените зони на скала од 1-10, со тоа што оценката десет е највисока и го покажува местото на телото чија стимулација најмногу возбудува.

Жени

  • Клиторис – 9,17
  • Вагина – 8,40
  • Уста / усни – 7,91
  • Предниот дел на вратот – 7,51
  • Брадавици – 7.35
  • Гради – 7.35
  • Внатрешниот дел на бутовите – 6.70
  • Задниот дел од вратот – 6,20
  • Уши – 5,06

Мажи

  • Пенис – 9
  • Уста / усни – 7,03
  • Скротум – 6,50
  • Внатрешниот дел на бутовите – 5,84
  • Предниот дел на вратот – 5,65
  • Брадавици – 4,89
  • Препони – 4,81
  • Задниот дел од вратот – 4,53
  • Линија на срамните влакна – 4,80
  • Уши – 4,30