Јапонски златни правила за среќен живот

286

Тие се меѓу луѓето со најдолг животен век со причина, па разбирливо е зошто многумина сакаат да знаат која е нивната тајна.

Да живееме долго и да бидеме среќни, опкружени со оние што ги сакаме и кои не сакаат, е желба на повеќето луѓе. И навистина, има ли нешто поубаво?

Сепак, колку долго ќе живееме, зависи од бројни фактори, генетика, исхрана, но и други работи. Јапонците се едни од најдолговечните луѓе во светот, па разбирливо е зошто многумина сакаат да знаат која е нивната тајна.

Традиционалната јапонска исхрана е избалансирана и здрава

Експертите инсистираат на здрава исхрана со причина. Не – закуски и брза храна. Да – влакна, зеленчук. Според порталот Bright Side, типичната јапонска диета е богата со житарки и зеленчук, не јаде многу црвено месо, како во САД или Западна Европа. Црвеното месо има повеќе холестерол отколку рибата, што го зголемува ризикот од срцеви заболувања, срцев удар и мозочен удар.

Јапонците исто така не јадат многу млечни производи (кои го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни болести и дијабетес). Има уште еден корисен трик. Имено, тие јадат од мали чинии, а наместо кафе, пијат зелен чај, кој како што е докажано повеќе пати, е полн со антиоксиданси.

Семејството е важно

Јапонците поминуваат многу време со своето семејство. Тоа е исклучително важно за нив. Грижата за постари членови на семејството и помагањето низ куќата сè уште е дел од традицијата. Денес во Јапонија сè уште има повеќе генерациски семејства, што може да биде добар поттик за постарите членови на семејството да одржуваат психолошко здравје, бидејќи тие можат да уживаат во времето со своето семејство.

Продолжува на страна 2