Измислена облека која расте заедно со децата | Видео

975

Модна линија за облека за деца што ја измисли дипломец од факултетот Royal College of Art, Рајан Марио Јасин, подразбира систем кој овозможува ширење на облеката како што тие растат.

Таа е изработена со набори кои се растегаат и се прилагодуваат на детското тело. Облеката се вика Petit Pli. Јасин дошол на идејата откако сфатил дека неговите деца пребрзо растат и постојано треба да се купува нова облека.

Тој го искористил предзнаењето кое го стекнал на студиите за воздухопловно инженерство да осмисли сет трајни преклопи кои овозможуваат облеката да се распакува и развлекува, па се шири во склад со детското тело.

Облеката е отпорна на ветар и вода и прилагодена е за деца од 6 до 36 месеци, бидејќи во тој период децата менуваат дури шест големини на облека.

Дизајнерот се надева дека на овој начин ќе се намали огромната количина отпад што го произведува конфекциската индустрија.