Се гледа секое парче: Забавена 4K снимка од експлозијата во Бејрут | Видео

309

Експлозија на повеќе од 2.000 тони амониум нитрат во пристаништето во Бејрут минатиот вторник доведе до смрт на најмалку 200 луѓе и повреди повеќе од шест илјади.

Снимките од катастрофата сè уште ја обиколуваат планетата, а сега се појави верзија со бавно движење на видеото, прикажувајќи детално како сè се уништува за секунда.

Телевизискиот канал Ал Арабија сега објави нова, забавена снимка од експлозијата во резолуција 4К, во која се прикажува целосната сила на ударот.

Силен удар ги разниша вратите и прозорците низ градот и остави многу згради празни. Стакла пукаа на зградите во населбите околу пристаништето, а уништувањето достигна и до десет километри од пристаништето.

Деструктивната сила на експлозијата, да ве потсетиме, направи кратер од дури 43 метри, а екипите за спасување сè уште трагаат по исчезнатите.