Камен бр. 4
Овој камен е – Опсидијан.
Ако вниманието сте го фокусирале на овој камен, значи дека вашата потсвест се обидува да ви каже дека е време за промена.
Во наредните денови треба да се избега од мрежата на старите навики и, чекор по чекор, да се почне со создавање на нов живот.
Најдобро време за нов почеток е – веднаш!
При тоа, на патот кон промените, обидете се да се чувствувате благодарни за сето она што го имате.
Немојте да бидете љубоморни. Не завидувајте. Не дозволувајте болеста да се рашири низ вашиот ум.
Потрудете се и можете да бидете сигурни: вашиот нов начин на живот задолжително ќе ве доведе до посакуваните резултати.
Камен бр. 5
Петтиот елемент е каменот под името – Ховлит.
Ако ве привлекува овој камен, тоа значи дека сте човек кој го држи својот ум секогаш отворен. Во секоја дискусија секогаш ќе бидете подготвени да ги разберете (сослушате и разберете) аргументите на противникот. И тоа ви дава уникатна можност да ја согледате секоја ситуација, од сите можни агли.
Вие сте многу чувствителна личност. Одлично го разбирате она што другите се обидуваат да ви го кажат и да дадат на знаење. Одлично ги разбирате децата и животните.
Роднините и блиските луѓе никогаш не престануваат да се восхитуваат на вашата моќ на забележување.
Во најбрзо време што поскоро мора да почнете да замислувате и да визуелизирате. Ако Така правите, сѐ што планирате во текот на следните 30 дена – предодредено е да се реализира!
Камен бр. 6
Овој камен е – Џаспис Далматинец.
Ако сте го одбрале, вие сте среќно и оптимистично лице. За вас е од суштинско значење животот и понатаму да продолжи како убава игра.
Во следниот месец, не би било лошо да испланирате нови авантури. Па дури и да стекнете нови пријатели.
Времето е поволно за тоа. Што и да започнете во ова време – “осудено” е на успех.



















