Исповед на почитувана новинарка | Не се туширам, валкана сум и се гордеам со тоа. Доста смрдлива параноја!

1441

Ако чистотата е најблиска до побожностa (во што се сомневам), тогаш и ова е вистина – колку повеќе се фалиш со неа, толку повеќе си сомнителен, пишува новинарката Rowan Peeling во одговорот на резултатите од истражувањето за хигиенските навики на британските жени.

Изненадена сум колку луѓе инсистираат на тоа да ми кажат како се тушираат двапати неделно – како да се Мајка Тереза на личната хигиена.

Каков вид на нечистотија се обидувате да исчистите? Тешко е при тоа да не се помисли на грозоморни обиди на Леди Магбет од рацете да ја отстрани крвта на својот крал.

И затоа, откако прочитав како четири од пет британски жени не се тушираат секој ден, му аплаудирав на нашиот здрав разум. Ако живеете во ладна клима, не сте трговец на риба и вашите физички активности е сведени на шопинг, тогаш зошто да се троши толку многу вода?

“Само ги тргаш етеричните масла од кожата и ги менуваш со ѓубриво”, би рекла баба ми.

Но, изготвувачите на споменатото истражување се шокирани од резултатите. Згрозени и ужаснати со признавањето на две третини од жените кои велат дека во креветот легнуваат со шминка.

Таква реакција не треба да биде изненадување кога ќе знаете дека истражувањето го побарала козметичка компанија Флинт+Флинт. Производителите на „креми“ не можат да успеат ако жените не се во постојана состојба на смрдлива параноја – мачкајќи, тонирајќи и навлажнувајќи ја секоја епидерма на својата кожа.

Тврдоглави и невешти жени, како мене, го намалуваат нивниот профит со едноставен штрајк против сапунот.

Зајадливи и горди – тоа е дел од наследството на британските жени. Познати сме низ целиот свет по своите нехигиенски навики. Еднаш бев гостинка на вечера во Калифорнија. Домаќинката се жалеше на ниските хигиенски стандарди на својата идна снаа.

Мојот пријател на тоа галантно рече: “Не може да биде полоша од Роуан – таа еднаш не се капела цела недела. Домаќинката без пардон одговорила: “Тоа не е исто, британските жени се секогаш валкани. Премногу време поминуваат со кучиња, а во руралните домови и онака нема топла вода и бања покрај спалните соби.

Тоа сигурно е точно, барем кога станува збор за моето детство, пишува Rowan Peeling. Во куќичката во која јас пораснав, во близина на пабот на моите родители, имаше пет деца, две мачки, едно морско прасе, а само една бања.

Ние се бањавме еднаш неделно, по однапред утврдениот распоред, а мене секогаш ќе ми паднеше бањање во нечиста вода и бришење со влажни пешкири. Но, и тоа било подобро од леденото туширање на кој беше изложен мојот сопруг, додека се школувал во интернат.

Сега можеби разбирате зошто во мојот дом немаме фетиш за секојдневно миење. Синовите ги миеме енергично секогаш кога за тоа ќе се укаже потреба, но никогаш не сум спроведувала тиранија на секојдневно капење. Четириесет минути играње, скокоткање и раскажување приказни ми се чинат далеку поважни од бањање пред спиење.

За време на реновирање на бањта, купивме туш-кабина, но никогаш не најдовме волја да ја инсталираме. Две години стоеше навалена на ѕидот, додека на крајот не ѝ ја подарив на мојата сестра.

Претпочитам старомодни, долгорочни бањи дури и кога ми треба неколку дена да најдам време за целиот ритуал на бањање – од пуштањето на топла вода до долготрајното читање во када со чаша виски.

Секојдневното плакнење е уште една форма на преголема женственост. Сугерира дека сте го засилиле греењето за да можете да се туширате во секое време од денот, без да смрзнете откако ќе излезете од под туш.

Таа, исто така укажува на тоа неколку пати на ден да практикувате жежок секс со маж кој ве љуби и секогаш да сте свежи во случај да му го привлечете вниманието.

Таквите “чистохоличари“можат да ве направат невешти веднаш штом ќе дојде во вашата близина, облечени во бели, ленени кошули.

Во таквите моменти ја враќам рамнотежата во својот универзум сеќавајќи се на овие реченици од “Големите очекувања” на Чарлс Дикенс:

“Г-ѓа Џо беше домаќинка која пред сѐ ја сака чистотата, но, исто така, и голема е уметничка во тоа својата чистота да ја направи непријатна и неподнослива од самата нечистотија. Чистотата е најблиску до побожноста.”