Родители, прочитајте како да го подготвите вашето дете за прво одделение!

23

Она што секој родител може да направи за да му го олесни на своето дете поаѓањето во прво одделение, е да развива позитивна слика за училиштето, уште додека детето оди во градинка.

Почетокот на учебната година е голема промена во животот на детето, особено за првачињата. Во зависност од родителите и околината, таа промена може да биде пријатна или непријатна. По правило имаме родители кои се обидуваат да ги подготват децата за одењето на училиште да им биде лесно, но понекогаш претеруваат и децата заради силните уверувања дека во училиштето ќе биде забавно и интересно, повеќе и не им веруваат.

Околината која влијае врз децата се пријателите од градинката, постарите браќа и сестри, роднините и соседите. Преку интеракција со нив добиваат слични или различни слики рамо до рамо со оние на родителите. Колку е поголемо преклопувањето на едните со другите, толку детето е постабилно и побезбедно.

Родители, развивајте кај децата позитивна слика за училиштето

Она што секој родител може да направи за да му го олесни на своето дете поаѓањето во прво одделение, е да развива позитивна слика за училиштето, уште додека детето оди во градинка. Родителите не би требало да го користат терминот “училиште” како застрашување или казна (на пример, “За казна ќе те испратам на училиште, таму ќе мора многу да работиш” или “Ќе видиш ти кога ќе тргнеш на училиште, таму нема повеќе играчки и бонбони!”).

Треба да се обидете секој позитивен пример од училиштето во кое оди постарата сестра на детето, или соседот или дури и своето искуство од младоста, да го споделите со детето, со што ќе му се претстават различностите и интересните работи кои го очекуваат во училишната околина. Но подеднакво важно е на детето да му се опише и објасни разликата помеѓу градинката и училиштето. Детето треба да знае дека во училиштето го очекуваат помалку игри, сон, а многу повеќе работа, должности и одговорности. Родителите често со своето однесување децата уште повеќе ќе ги вознемират, а децата тоа можат негативно да му го припишат на училиштето и на тој начин да се здобијат со негативен став за училиштето.

Продолжува на страна 2