Вкусот и мирисот на другиот
Актерката Голди Хоун (68) е со колегата Курт Расел веќе неколку децении и тврди дека една од главните причини за тоа е дека двајцата го обожаваат мирисот на другиот.
“Има еден трик – треба да ви се допаѓа мирисот на својот партнер. Мислам дека тоа е поврзано со феромоните на некој начин “, изјави ѕвездата.
Поединечни кревети
Рчењето, вртењето во кревет, земањето на покривката, мрморењето на сон – сите овие навидум ситни работи можат да станат повод за сериозни драми. Д-р Нејл Стенли, кој ги истражува навиките и однесувањето во сон откри:
“Разоткриен е митот дека сопружниците треба да делат ист кревет. Луѓето кои се перманентно уморни, се чувствуваат мизерно и се повеќе склони на развод “.
Расправиите
Ако некоја двојка ви каже дека никогаш не се расправа, лаже. Карањето е здраво!
Секс три пати неделно
Тајната на успешниот брак се крие во милување секоја вечер и секс три пати неделно, откри американско истражување во кое учествувале 1000 парови. Истражувањето покажува дека за да има разбирање и среќа, партнерите треба да се бакнуваат 10 пати неделно, да се милуваат пред телевизорот 6 пати месечно и да одржуваат по 10 смислени разговори за истиот временски период.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















