Бадеми
Грст бадеми го решава проблемот со гладот во секој момент. Наместо да доручкувате штетни и калории сендвичи или банички, изедете грст бадеми. Ова ќе ве држи сити до ручек. На овој начин намалувајте го вкупниот внес на калории за денот и го помагате согорувањето на калории.
Црвени пиперки
Црвените пиперки, како и лути пиперки, ја потиснуваат гладта. Според истражувачите црвените пиперки го стимулираат согорувањето на калориите, зголемувајки ја телесната температура. Користете од привремениот поттик на метаболизмот и ограничете го вкупниот внес на калории за да ги редуцирате телесните масти.
Лосос
Лососот е многу богат со омега-3 масни киселини . Тие заситуваат и истовремено со тоа го намалуваат вкупниот холестерол. Масните киселини го зголемуваат нивото и на лептин во телото. Тој претставува хормон кој ги разградува мастите и е стимулирачки за согорување на калории.
Најздравите масни киселини ја потиснуваат гладта и ги намалуваат наглите и чести огладнување помеѓу оброците.
Посно месо
Посно месо заситува и го држи гладот подалеку од вас. Истражувањата покажуваат дека чистите протеини без примеси на масти ја потиснуваат гладта и го задржуваат чувството на ситост помеѓу оброците. 200 г посно месо се потребни за да останете сити за повеќе од 4 часа. Така ќе се заштитите од неконтролирано јадење и добар оброк на штетни и калории храна.
Соодветни меса се телешкото, пилешкото, зајачкото, мисиркиното. Можете да ги замените нивните протеини и со растителни храна – мешунките, наут, спанаќ, брокула, зелка, грашок.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















