Хиперфагијата и биполарното растројство одат рака под рака

1328

Италијански научници открија дека хиперфагијата (неконтролирано земање храна) е карактеристична за луѓе со прекумерна тежина и биполарно растројство.

Дебелината е честа кај луѓето со ментални болести. Околу 80% од луѓето со ментални болести, вклучувајќи и биполарно растројство, страдаат од прекумерна тежина или се дебели. Еден од факторите за тоа е хиперфагијата која може да се опише накратко како булимија без повраќање.

Прејадувањето е нарушување на исхраната, што се карактеризира со неконтролирана, импулсивно исхрана, без можност да се запре. Таквото однесување носи не само физичка болка, но и доведува до психичка непријатност. Страдалниците се срамат од големото количество храна, се прикриваат, преферираат да јадат сами и прават повеќе обиди за диета.

Истражувањето објавено во “Журнал за афективно растројство”, открива дека хиперфагијата е честа кај луѓето со прекумерна тежина и биполарно растројство, отколку кај сите други учесници во студијата.

Авторот на извештајот Кристина Сегура-Гарсија истакнува дека меѓу 119-те луѓе во истражувањето, кај само 29% биле дијагностицирана единствено со прекумерна тежина. Но од нив 62% неконтролирано се прејадувале. 41% од сите учесници пак страдале истовремено и од хиперфагияжја, и од лично растројство.

Според Сегура-Гарсија тоа е важно откритие, бидејќи склоноста кон хиперфагија би помогнала за идентификување на биполарно растројство во многу рана фаза. Сега на луѓето им се дијагностицира личносно растројства по повеќе од 10 години “боледување.”