3. Тоа е чудно …
Се разбира, максималната точка во сексот си има свои правила – забрзано темпо, метежот, викање … Полесно е да се каже отколку да се направи, но премногу раното постигнување оргазам би можело да биде погубно за доживувањето. Нема ништо подосадно од тоа да го чекате партнерот да ја “премине” финалната линија. Истото важи и за многу зборување за време на секс – убива.
4. Непишани правила
Генерално се прифаќа како учтиво да го предупредиме партнерот, кога ќе дојде време. Ова важи како за мажите, така и за жените. Со предупредување им кажувате како да продолжат..
Бакнежот е со затворени очи – многу е непријатно, кога по бакнеж ќе ги отворите капаци и од другата страна ве зјапаат две големи очни јаболка …
5. Безбеден секс
Тоа дури и не подлежи на коментар. Штом не го познавате сексуалниот партнер, секогаш со кондом! Во интерес на вистината, не е лошо дури и да поразговарате со него за кондоми. Како што знаете, секој пенис е со индивидуална форма и должина, што укажува и различен “мантил” за секој еден. За радост на мажите, пазарот е презаситен со секакви видови, кои се карактеризираат со различна должина, дебелина, вдлабнатина и што ли уште не.



















