Го изневерила, родила дете кое не било негово и го тужела за алиментација | Судот пресуди во нејзино име

1088

Судот во Финска донесе одлука мажот да плаќа алиментација за дете кое не е биолошки негово и кое го родила неговата сопруга откако го изневерила со друг маж.

Неговата сопруга родила дете во 2014 година, но тој дури две години подоцна дознал дека не е неговиот биолошки татко.

Двојката потоа се разведела, по што мажот поднел барање да биде лишен од обврските на татко, но тоа било одбиено. Имено, судот пресудил дека тој го доставил барањето со задоцнување од неколку месеци.

Според финскиот закон, мажите имаат рок од две години да се одречат од татковството на биолошки неповрзано дете родено во брак. Рокот може да се продолжи, но само во исклучителни случаи.

Човекот рече дека дознал дури подоцна, дека бил во шок поради разводот, дека страдал од емоционален стрес и дека поради тоа не успеал да направи ДНК-тест. Судот не ги смета овие причини за доволно значајни.

Сепак, она што е сигурно е дека биолошкиот татко на детето е друг маж.

Мајката подоцна го тужела својот поранешен сопруг за алиментација, а судот пресудил дека тој е обврзан да плаќа 308 евра месечно се додека детето не полнолети во 2032 година, како и судските трошоци на жената која го однела на суд.

Случајот предизвика дискусија на социјалните мрежи, и многу Финци тврдат дека пресудата не е фер и бараат одбрана на машките права.

Финска е еден од светските лидери што ја поддржува и промовира еднаквоста и правата на жените. Се гордее што е пионер на родовата еднаквост затоа што Финска беше првата земја што на жените им додели целосни политички права во 1906 година.