Ананасот изобилува со витамини и растителни влакна

1510

Покрај тоа што ананасот е здрав, тој е и чудесно овошје што ја храни кожата и однадвор и однатре, ѝ помага да ја задржи влажноста, ја прочистува и ја регенерира.

Докажано го забавува процесот на стареење на кожата, ја подмладува и ги враќа сјајот и еластичноста.

Ананасот е богат со витамин Ц, а дополнително, помага при дигестијата, особено согорување на мастите, па затоа е многу ефикасно оружје против целулитот и вишокот килограми.

Ананасот, исто така, изобилува со вода и растителни влакна, кои ја стимулираат работата на бубрезите и на дигестивниот тракст.

Поради освежителниот вкус, диетите базирани на ананас не даваат чувство на прегладнетост и истоштеност.