GINGIVITIS | Воспление на непцата и природни начини на лекување во домашни услови    

7871

Што е гингивитис?

Гингивитис претставува воспаление на непцата. Настанува заради наталожување на дентален плак, односно наслаги на забите полни со бактерии кои предизвикуваат инфекција. Најчесто се манифестира со крварење од непцата по четкање.

Гингивитисот е прв и почетен симптом на периодонталната болест (парадентоза), кој може да се излекува и спречи во оваа рана фаза.

Доколку не се делува навремено, може да премине во напредна фаза, каде се расклатуваат забите и доаѓа и до нивно губење. (Сл. 1)

Сл. 1

Симптоми

Ова се некои од симптомите доколку не се лекува на гингивитисот :

  • Црвени ,осетливи и отечени непца
  • Крварење од од непцата по четкање
  • Гној помеѓу забите и непцата
  • Појава на парадонтални џебови
  • Повлекување на непцата
  • Непријатен здив
  • Забоболка
  • Расклатување и губење на забите

Повеќе на следниот линк СИБИРСКО ЗДРАВЈЕ / SIBERIAN WELLNESS

Како да се спречи гингивитис?

Прв чекор во спречувањето на појава на гигивит е одржување на добра орална хигиена. Четкањето на забите треба да е најмалку најмалку 2 пати дневно по неколку минути. Покрај четка треба да се употребува и забен конец за чистење на просторите помеѓу забите како и користење на течности за плакнење на устата.

Тие течности се најчесто на база на хлорхексидин глуконат, кој има антивоспалително и антибактериско дејство.

Понатаму потребна е редовна посета на стоматолог, каде најмалку еднаш годишно треба да се исчистат забниот камен и меките наслаги од забите. (Сл.2)

Сл.2 Пред и по третман

Како да се лечи во домашни услови?

Откако убаво ќе ги исчеткате забите може да ги употребувате следниве средства:

Плакнење на устата со:

  • 3% Хидроген пероксид
  • Листерин, Стоматидин и други средства на база на Хлорхексидин
  • Раствор од Бетадине за уста
  • Чај од жалфија, кантарион или камилица
  • Физиолошки раствор (солена вода)

Масажа на непцата со:

  • Гелови за непца (гингивал, гингигел)
  • Се нанесува мала количина од гелот на прстите и се масираат непцата за да се зајакне структурата и да се збогати циркулацијата
  • Сода бикарбона-се нанесува на прстите или четката

Друг домашен лек за болни и отечени непца е премачкување со масла. Најголем ефект е забележан кај кокосовото масло. Се зема една супена лажица и се држи во устата неколку минути,и половина час потоа да не се јаде.

Замена за кокосово може да биде сусамово или сончогледово масло. Маслата ги обложуваат непцата и имаат антивоспалително дејство.

Исто така за премачкување постојат и гелови на база на куркума, каранфилче и прополис.

Ефикасен лек за гингивитис е употребата на витамин Ц од 500мг двапати дневно, бидејќи го спречува крварењето и го зајакнува имунитетот.

Заклучок

И покрај сите горе наведени средства и методи, најважна е посетата на стоматолог барем еднаш годишно, за да се навремено дијагностицира болеста и да се делува брзо и ефикасно, и секојдневно одржување на оралната хигиена.

 

 

Д-р. Генчовска-Доленц Ана
Доктор на стоматологија
PZU Anadent D-r Genchovska