Фризура за две минути

2792

Ретро расположението во фризурите ќе се чувствува и оваа есен. Но, не само тоа. Тие ќе бидат исклучително невнимателни, но и романтични. Ние дамите сакаме да бидеме извонредни секој ден.

Затоа споделуваме една фризура, која бара минимален напор, се оформува за само две минути и е погодна за вашиот секојдневен или деловен изглед.

За да ја направите ќе ви требаат четка, фин ластик и неколку мали шноли за коса.

Пуштете ја вашата коса и обликувајте опашка на тилот. Потоа поделете над ластикот. Провлечете ја опашката неколку пати и фиксирајте со неколку шнолички. Ако е потребно нанесете и лак за коса.