Фотографии на близнаци породени во када

868

Маж ја породува својата жена во кадата дома. Се раѓаат две близначиња. Во тој момент талентираната фотографка и акушерка на прекрасен начин успеала да го долови раѓањето на близначиња во домашни услови.

Бебињата се родиле на 6 март минатата година во када и сè се одвивало толку брзо што медицинскиот тим кој бил задолжен за породувањето не стигнал навреме. Второто бебенце се родило 30 минути По првото во цел водењак.

Иако сите фотографии се фасцинантни, Робин признава дека најмногу ја воодушевила онаа на која мајката со насмевка позира додека го раѓа првото бебе.

„Фотографијата која ме фасцинира е кога мајката го раѓа првото бебе – мислам тоа буквално виси – а таа сè уште има широка насмевка на нејзиното лице. Оваа жена е мој херој!“ – вели Робин.

Парот од фотографиите има уште едно дете, кое е исто така родено во вода дома.