Феминистичка икона на Втората светска војна | Која е жената која се крие зад познатиот постер “Rosie the Riveter”?

1850
Naomi Parker Fraley

Сомнежот дека на фотографијата не е Doyle, прв пат се појави кога, тогаш веќе 85-годишна, витална старица, Naomi Parker Fraley 2009 година со сестрата Ада Вин Лој, за време на посета на Националниот историски парк во Ричмонд, каде на споменикот на жените кои за време на војната работеле за воената индустрија, се видела на фотографијата на која одамна заборавила.

“Не знам”, коментирала потоа “дали бев повеќе изненадена кога ја видов таа стара фотографија или кога, малку подоцна, сфатив дека е потпишана со име на некоја друга жена.” 

Фотографијата била изложена веднаш до познатиот постер, објаснувајќи дека послужила како инспирација за него.

Кустосот на меморијалниот центар се заинтересирал за таа приказна, а и Naomi Parker Fraley, кога се вратила дома, ја пронашла и ја испратила исечената слика од весникот.

Потоа со фотографијата се позанимавале и на Универзитетот Сетон Хол во Њу Џерси. Професорот Џејмс Кимбл истражувал која е Rosie и заклучил дека тоа е Naomi Parker Fraley.

По војната, Naomi ја напуштила воздухопловната база и се вработила како келнерка во ресторанот на Палм Спрингс. Наскоро се омажила.

“На жените во оваа земја во ова време потребни им се икони. Среќна сум, ако и јас сум една од нив”, изјави таа за магазинот “Pipl” 2016 година.