
Женски рекорд: 134 оргазми во текот на еден час
26-годишна жена доживеала 134 оргазми за еден час додека била набљудувана од докторите Вилијам Хартман и Мерилин Фајтиен.
Постојат жени кои страдаат од синдром на постојана сексуална возбуда и имаат до 300 оргазми дневно
Една од тие жени е и Мишел Томпсон, која доживува по 300 оргазми дневно, а кои може да ѝ се случат во кое било време.
Скоро половина од жените својот прв оргазам го доживуваат со самозадоволување
Истражувањата покажуваат дека речиси секоја втора жена го доживеала првиот оргазам со помош на мастурбирање. Најголем дел од жените првиот оргазам го имаат на 18-годишна возраст.
Кондомот не влијае на квалитетот на женскиот оргазам
Користењето на кондом не го влошува оргазмот кај жените. Напротив, може и да помогне, затоа што нема да има потреба мажот да се повлекува и сексуалниот однос ќе трае подолго.
Третина од жените имаат проблеми со постигнувањето оргазам
Една на секои три жени тешко може да доживее оргазам за време на секс, а на околу 80% од жените им е предизвик да достигнат до врвната точка само со вагинална стимулација. Затоа, се препорачува во текот на сексуалниот однос да биде вклучена и стимулација на клиторисот.
Со текот на годините оргазмот станува подобар
Иако не може да се тврди со сигурност, се верува дека оргазмот кај жените станува поинтензивен со текот на годините. Освен тоа, се смета дека жените во своите 40-ти години од животот почесто доживуваат оргазам, отколку жените во 20-тите. Експертите објаснуваат дека жените со текот на годините стануваат посамоуверени, повеќе го ценат своето тело, а се и порелаксирани пред својот партнер, па не се воздржуваат да го побараат она што им годи.
Жените побрзо доживуваат оргазам со мастурбација отколку со секс
Просечното време потребно за една жена да доживее оргазам со мастурбација е 4 минути, а во просек се потребни 10-20 минути за една жена да доживее оргазам за време на сексуален однос.


















