Сериски убијци за кои никогаш не сте чуле

576

Доколку сте љубител на криминалистичкитe приказни, особено на оние базирани на вистински настани, веројатно веќе сте чуле за некои од најпознатите сериски убијци во историјата како што се Тед Банди, Зодијак и Џек Мевосек.

Но, постојат и други помалку познати сериски убијци кои се исто толку застрашувачки како и оние светски познатите. Во продолжение прочитајте нешто повеќе за нив, но ве предупредуваме дека потоа тешко ќе можете да заспиете…

Ричард Чејс

Вампирот од Сакраменто (The Vampire Of Sacramento)

Веројатно мислите дека прекарот на Чејс ви кажува сѐ што треба да знаете за убиствата што тој ги имал извршено. Но, поимот „вампир“ ни одблизу не го опишува неговото бизарно однесување. Роден во 1950 година, Чејс бил многу параноичен и мислел дека го следат нацисти и дека мајка му се обидува да го отруе. Сметал дека единственото решение на неговите проблеми е консумацијата на свежа крв. Во раните 70-ти Чејс ги извадил од памет неговите цимери поради неговата навика да убива животни и да ги блендира нивните внатрешните органи за да може да ги испие, а понекогаш додавал и малку Кока-кола за да го заслади коктелот.

Во 1975 година, откако неговиот обид да си инјектира свежа крв од зајак завршил неуспешно, тој бил сместен во психијатриска болница каде што останал една година. По неговото излегување тој живеел сам и бил сопрен од страна на полицијата поради тоа што се шетал околу соседството целиот извалкан со крв, а во неговиот камион била најдена кофа полна со плазма. Но, се открило дека се работи за крв од крава и затоа не бил уапсен.

Првото убиство на Чејс немало никаква врска со крвта. Имено, тој застрелал човек од неговиот автомобил. Потоа тој почнал да провалува во домови, но ако вратата била заклучена, се повлекувал бидејќи верувал во тоа дека отклучените влезни врати се знак дека му е судено да влезе во домот, а заклучените значеле дека не бил добредојден. Во 1978 година тој го извршил првото убиство на овој начин и убил млада бремена жена. Наводно ја испил нејзината крв и изел делови од нејзиното тело.

Подоцна истата недела, Чејс ги извршил последните убиства, односно убил жена, нејзиниот син, внук и куќен пријател, и исто така ја консумирал нивната крв и делови од телото. Иако неговите дела воопшто не се разумни, Чејс бил прогласен за доволно психички нормален за да помине низ судење и бил осуден на смртна казна. Но, смртната казна никогаш не се спровела на дело, бидејќи тој се самоубил во затвор во 1980 година.

Гордон Стјуарт Норткот

Продолжува на страна 2