Факти за женскиот оргазам

2400

Кога сексуалната возбуда ќе го достигне врвот, повеќето мажи и жени доживуваат оргазам. Факт е дека жените поретко доживуваат оргазам, но за сметка на тоа женскиот оргазам трае подолго од машкиот и е поинтензивен.

Еуфоричното задоволство наречено женски оргазам отсекогаш било обвиено во мистерија. За да тргнеме барем еден превез од таа мистерија, еве неколку интересни факти за женскиот оргазам:

Оргазмот ја намалува болката

Врвното сексуално задоволство може да помогне за намалување на болката. „Виновници“ за тоа се окситоцинот и ендорфините кои се произведуваат во телото пред и за време на оргазам. Тие ја зголемуваат релаксацијата, создаваат ефект на еуфорија и предизвикуваат пријатни сензации низ целото тело. Некои жени тврдат дека оргазмот им ги лечи главоболките и стомачните болки и грчеви кои се појавуваат како резултат на ПМС, а исто така и дека им гонамалува стресот. Но, треба да се спомене дека кај некои жени сексуалниот однос и/или оргазмот може да предизвика појава на главоболка или мигрена.

Некои жени можат да доживеат оргазам без генитална стимулација

Неверојатно, но вистинито. Има жени кои можат да доживеат оргазам единствено со самата помисла на оргазам, без да има физички допир на клиторисот или пенетрација. Постојат регистрирани случаи на жени кои можат да „свршат“ преку галење на веѓата или четкање на забите.

Оргазам преку стимулација на градите

Се верува дека 1% од жените можат да го достигнат врвното сексуално задоволство само со рачна стимулација на градите.

Јогазмот не е мит. Што е јогазам?

Тоа е оргазам кој многу приврзанички на јогата тврдат дека го доживуваат додека вежбаат, а кој се појавува без никаква стимулација или допирање. Сè повеќе се зборува за оргазмот предизвикан од јога (нарекуван „најдобро чуваната и највозбудливата тајна на јогата“) и сè поголем е бројот на жените кои тврдат дека го доживеале кога се во одредена поза.

Не секој оргазам е подеднакво експлозивен

Некои оргазми се кратки и нежни, а други можат да ви го растресат телото од глава до пети. Тоа е сосема нормално.

Сексуалната самодоверба на жената влијае врз квалитетот на нејзиниот оргазам

Звучи сосема логично. Жените кои се срамат од своето тело не можат доволно да се опуштат и да се концентрираат на убавите чувства што ги носи сексот. Земете огледало во раката и насочете го кон своите гениталии. Колку подобро се запознаете себеси, толку посамоуверени ќе бидете.

Продолжува на страна 2