Кина
Треперење на десното око се смета за лош знак, додека на левото око знак на добра среќа. Сепак, кај жените ситуацијата е обратна. Кога ќе затрепери долниот лев очен капак се верува дека лицето ќе плаче или некој ќе ја озборува.
Делови на Африка
Во некои делови на Африка, веруваат дека кога горниот очен капак трепери, тоа е знак на средба со некој кој не го очекуваат, а треперењето на долниот очен капак значи дека наскоро ќе плачат.
Индија
Во Индија се толкува обратно од Кина. Десното око се добри вести, а левото лоша среќа.
Хаваи
Треперење на левото око кај Хавајците е знак на доаѓање на странец, а постојаното треперење значи пропаст во семејството.


















