Црната дупка што ја уништи ѕвездата е еден од најневообичаените космички настани снимени од астрономите. Тоа е слика на супермасивна црна дупка во галаксија оддалечена 215 милиони светлосни години.
Астрономите биле вознемирени од силниот блесок на светлината, кој бил видлив на растојание од стотици милиони светлосни години, непосредно пред делот кога ѕвездата исчезна во црна дупка, бидејќи силната гравитација ја уништила во процес познат како „шпагетификација“.
Овој настан, наречен AT2019qiz, го набудувал астрономот Мет Никол од Универзитетот во Бирмингем заедно со неговиот тим и го студирал со месеци.
Речиси е невозможно да се предвидат ваквите настани и можно е да се забележат само со постојано набудување на небото, со одредена доза на среќа, пишува РТ.
Кога беа забележани масивни ерупции за време на овој настан, астрономите реагираа многу брзо, насочувајќи ги телескопите во негова насока, кон соѕвездието Ериданус.
Веднаш насочивме повеќе телескопи, и на Земјата и во вселената, во таа насока да видиме што е изворот на толку силна светлина, рече астрономот Томас Веверс од универзитетот Кембриџ
Така, овој настан беше снимен во различни должини на светлината, од ултравиолетовиот спектар, преку радио, оптички и рендгенски телескоп.
Светлината што се емитуваше при уништувањето на ѕвездата беше толку силна што ја победи светлината на самата галаксија од каде доаѓа.
Научниците утврдиле дека станува збор за ѕвезда која во еден момент била со големина на нашето Сонце, а потоа почнала да ја губи масата, која ја проголта црна дупка, околу милион пати поголема од ѕвездата.
Патем, ова е првпат астрономите да видат и проучат ваков настан, што досега беше само теоретски објаснето. Научниците утврдиле и дека при уништувањето на ѕвездата, облаци од прашина биле фрлени во вселената со брзина од 10.000 километри на час.
Тоа ги објаснува претходните оптички и радио емисии што астрономите снимале додека проучувале црни дупки, но останале неистражени.
Bonus Video:



















