Еве што треба да знаете пред да започнете да живеете заедно

1528

Мора да знае како трошите пари

Кога живеете заедно, вие и ќе трошите заедно. Мора да се договорите околу тоа на кој начин ќе трошите, како ќе ги делите парите и слично. Здодевно е, но е неопходно за безгрижен живот.

Мора да знае дали сакате да имате секс еднаш дневно, неделно, месечно или на секој час

Ова можеби ви звучи смешно, но не е. Навистина треба да имате некој „договор“ за да знаете што да очекувате. Не го исклучуваме спонтаниот секс, но можеби вие ќе очекувате повеќе сега кога живеете заедно.

Како се чувствувате за гостите

Некој едноставно не сака гости. Некој би правел журки во својот дом секој ден, по цел ден. Пронајдете златна средина доколку се разликувате на оваа тема.

Што очекувате од заедничкиот живот

Заедничкиот живот треба да значи нов чекор во вашата врска, а не да станете цимери, зар не? Разговарајте за ова искрено и отворено.

Вашите планови за во иднина

И вие неговите/нејзините, секако. А, ова се потпира на претходното. Разговарајте за тоа што значи овој чекор за вас и што понатаму. Така ќе знаете навистина на што сте и дали е паметно да го направите овој чекор.