Еве што најмногу ги иритира мажите, а што жените за време на првиот состанок

1462

Според истражувањето, 73% од жените и 66% од мажите не одат на втор состанок со личност која има некоја иритирачка одлика.

Поубавиот пол може да биде малку полесен за нервирање (или мажите се само досадни), бидејќи 18% од жените откриле повеќе од пет работи што ги иритираат кај мажите. Скоро четвртина од мажите имаат една таква особина што ја земаат предвид при првиот состанок или немаат.

Од интернет страницата „Zookes“ испитале 1.500 луѓе и откриле кои работи најмногу ги иритираат мажите, а кои жените за време на првиот состанок.

Жените најмногу се нервираат …

Поубавиот пол се чини дека е почувствителен на мирисот, бидејќи 45% од дамите рекле дека најмногу им пречи непријатниот мирис кај мажите. На второ место е кога мажот постојано гледа во телефонот, со 22% од гласовите.

Од клучно значење е да стигне таму на време. Дури 13% од жените не можат да издржат кога мажот доцни.

Мажите се најмногу изнервирани ..

Врз основа на ова истражување, мажите првенствено би сакале жената да не гледа во телефон за време на состанок. Половина од испитаниците се согласиле дека прекумерната употреба на телефонот е најиритирачката навика што може да ја има жената за време на првиот состанок.

Веднаш на второто место се најдоа дамите кои не мирисаат пријатно. Дури 21 процент од момците се сложиле со ова како најнепријатно за време на првиот состанок, а 10% од мажите сметале дека доцнењето е непростливо.

Конечно, 7% од мажите велат дека не им пречи кога жената се шминка премногу.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.