Јадете масни киселини
Обидете се да јадете помалку заситени масти и повеќе добри масти – есенцијални масни киселини, откриени во мрсната риба, ореви и семки. Тие ќе го подобрат вашиот метаболизам.
Додадете некои клучни хранливи материи
Консумирајте храна со повеќе витамини и минерали. Најважните од нив се хром, магнезиум, цинк, витамини од групата Б, коензим Q1, екстракт од зелен чај и аминокиселини.
Спортувајте
Ако се изградени мускулите, ќе го зголемите метаболизамот. Колку повеќе мускули имате, толку повеќе калории ќе потрошите и толку повеќе масти ќе согорите. Тоа е и една од најпознатите иритирачки причини поради кои мажите слабеат полесно – само имаат повеќе мускули.
Јадете лосос
Лососот е суперхрана, полна со омега 3 масни киселини. Тие помагаат за губење на тежината. Истражувањата покажуваат дека омега-3 масните киселини го забрзуваат метаболизмот на мастите.
Консумирајте кокосово масло
Кокосовото масло се состои од уникатни масти наречени средноверижни триглицериди, кои исто така го стимулираат метаболизмот. Кокосовото масло може да се користи за готвење или дури локално како анти-бактериски, анти-вирусно и анти-габично средство.



















