Еве како на едноставен начини да го подобрите метаболизмот

1338

Постојат неколку не толку популарни начини кои ќе ви помогнат да го подобрите вашиот метаболизам.

Ако се обидувате да симнете неколку килограми пред претстојните декемвриски празници, можете да го направите лесно и безболно, ако ги почитувате овие едноставни правила во начинот на исхрана.

Еве и 10 промени кои треба да ги направите во менито и ќе започнете да трошите двојно повеќе калории:

Запрете со диетата

Запрете ги диетите и престанете да ги броите калориите кои ги внесувате. Инаку постојано ќе мислите за храна и ќе се чувствувате гладни. Организмот ги смета диетите како стрес и престанува да гори масти.

Јадете помалку и почесто

Обидете се да јадете нешто на секои три часа. Појадок, ручек и вечера, плус две средни закуски – една кон 10 часот и по некое време попладне. Обидете се да не јадете јаглехидрати после 18:00.

Не го пропуштајте појадокот

Ако го пропуштите појадокот телото веднаш регистрира глад и почнува да складира масти, наместо да ги гори.

Престанете да консумирате шеќер и рафинирани јаглехидрати

Избегнувајте каква било храна која го зголемува шеќерот во крвта побрзо, бидејќи тоа го предизвикува панкреасот да произведе повеќе инсулин. Инсулинот е хормон кој го спречува слабеењето. Обложете се на цели зрна.

Јадете протеини на секој оброк

Протеините го успоруваат варењето и соодветно човек се чувствува сит подолго. Тоа е нешто многу подобно од гледна точка на губење на тежината.

Продолжува на страна 2