Еве како хороскопот влијае на љубовта

1336

Овните се независни луѓе кои се борат за тоа што го сакаат, но за жал тие не можат да се опуштат кога се во врска.

Овен

Тие се знак кој е реактивен, размислуваат многу, всушност и премногу и брзо делуваат. Секогаш го кажуваат тоа што го имаат на ум, а понекогаш се егоцентрични и претерано агресивни.

Доколку се во врска со чувствителен партнер, ова може да биде постојан извор на конфликти. Но, за среќа, тие брзо забораваат и не држат бес во себе.

Бик

Биковите можат да бидат многу посветени и верни на својот партнер, но тие можат од преминат од 0 на 100 на скалата на љубомора. Посесивноста е нивната најслаба страна, па затоа не дозволуваат другите да го погледнат нивниот партнер. Познати се како злопамтила и не забораваат лесно, па затоа некои ситуации можат многу долго да му ги споменуваат на својот партнер.

Близнаци

Близнаците внимаваат на секој детаљ од нивната врска и сакаат тоа да го покажат во јавноста, што може да биде голем проблем доколку нивниот партнер е поинаква личност. Споделувањето информации е програмирано за нив, а особено кога се во врска, тие сакаат да се фалат со тоа. Но, тоа не значи дека сакаат да предизвикаат штета, туку само не размислуваат премногу.

Рак

Раковите важат за чувствителни и понекогаш претерано темпераментени. Поради тоа често прават проблеми во врската со често менување на расположението. Тие можат да отидат на спиење многу нервозни, а потоа наутро да се однесуваат како ништо да не се случило. Секако дека го мислеле тоа што го кажале претходно, но едноставно наутро се чувствуваат поинаку. Водени од Месечината, тие се многу интензивни во своите емоции и тоа има големо влијание на нивното расположение во врската.

Продолжува на страна 2