Еве како да му помогнете на вашето дете со наставата преку интернет

1579

Организирајте слободно време

За време на учењето на далечина, важно е децата да имаат слободно време. Покрај гледањето цртани филмови, играњето видео игри, организирајте дружење со семејството и врсниците.

Направете мала пауза за децата од гледање ТВ и мобилни екрани, охрабрете ги да се дружат, да играат и да бидат креативни.

Физичка активност

Не треба да заборавиме на фактот дека малите се полни со енергија. Излези со нив. Играјте некои од спортовите со децата на најблиските терени, организирајте прошетка до планина или шума, направете мини натпревар во кој победникот ќе добие награда. Покажете им на децата со вашиот пример дека физичката активност и здравјето се многу важни.