Боите имаат голема улога во човечката психологија. Во рок од 90 секунди размислуваме за луѓето и производите откако ќе ги погледнеме, а околу 62 до 90 отсто од нашето мислење се темели само на боите.
Од тие причини поединечни компании користат одредени бои во своите амбалажи и логоа за да влијаат на нашите секојдневни одлуки.
“Bright Side” пишува дека боите всушност имаат голема улога во нашите животи и значајно влијаат на нашите реакции. Во продолжение прочитајте поединечности за одредени бои.
Розова
Розовата и сината боја се сметаат за смирувачки бои, ја намалуваат агресијата, но тие се предмет на бројни расправи за тоа дали розовата боја е наменета само за девојчињата, а сината за момчињата. На многумина можеби ќе им делува неверојатно, но некои затвори во светот се обоени токму во розова боја за да се намали агресивноста.
Освен тоа и соблекувалните на гостувачките тимови на натпреварите се во таа боја за да им се ослабне моралот. Тоа е од причина што одредени истражувања покажуваат дека токму розовите нијанси се ефикасни во намалување на силата и агресијата.
Жолта
Жолтата евоцира среќа пред сè бидејќи е исклучително светла боја која буди, но со самото тоа и премногу ги стимулира очите и одвлекува внимание. Поради тоа ретко се користи во ентериерот на авионите и другите превозни средства. На пример, авиокомпанијата “Ryanair” своевремено имала жолти седишта, но под притисок на своите редовни патници одлучила да ги промени.
Црвена
Иако можеби се спротивставува на врежаното мислење, но црвената боја не го поттикнува апетитот. Можеби ова сознание изненадува, но една научна студија ја потврдила неговата вистинитост. Збунестоста веројатно настанува поради фактот што амбалажите на многу нездрави прехранбени производи се токму во црвена боја.
Продолжува на страна 2