Иако хороскопот никогаш не треба да се зема здрав за готово, бидејќи ниту еден човек не се вклопува совршено во калапот на својот знак, сепак понекогаш некои карактеристики се доволно нагласени за да можеме да сместиме одредени луѓе во специфични категории.
Една од овие категории е и онаа во која спаѓаат хороскопските знаци што мислат дека се подобри од другите и не се плашат да го покажат тоа.
Бик
Биковите се многу упорни, како и тврдоглави. Тие имаат потреба да ги бранат своите ставови и да го покажуваат на сите своето големо знаење кое секојдневно го прошируваат.
Сепак, во очите на другите ова изгледа како мудрување, па затоа и Биковите знаат да ги нервираат оние што им се најблиски.
Од друга страна пак, нивниот капацитет да запомнат многу информации може далеку да ги одведе во светот на науката.
Лав
Лавовите се познати по својата егоцентричност. Поради тоа што постојано се насочени кон себе, мислејќи дека се најдобрите во светот, тие неретко се сметаат и за „кралеви на џунглата“.
Тие едноставно се обожаваат, се гордеат со својата сила и секогаш им е удобно во својата кожа. Затоа и другите љубат да бидат во нивно друштво, правејќи ги најпопуларни во зодијакот.
Сепак нивната голема потреба за внимание може да доведе до голем успех под сценското светло.
Продолжува на страна 2