Еве како боите влијаат на расположението и емоциите

1565

Сина

Веќе во текстот споменавме дека сината боја дополнително смирува, но интересен е и фактот дека оваа боја всушност влева доверба во компаниите кои имаат сино лого. Сината боја е омилена на многу банки, ИТ компании и компании за осигурување и тоа со добра причина бидејќи прават да се чувствуваме побезбедно.

Портокалова

Портокаловата боја е исклучително силна и воочлива, па таа често се користи во ситуации кога одредени работи треба да се нагласат, како на пример во изработката на затворските униформи. Но, таа исто така поттикнува и на забава – портокаловата боја се наоѓа на логоата на Фанта и Никелодеон.

Бела

На многумина им се чини логична одлуката ѕидовите на канцелариите да бидат бели бидејќи таа боја не предизвикува силни емоции, меѓутоа експертите за ентериер предупредуваат дека тоа е често погрешна одлука. Сепак, истражувачите откриваат дека вработените во канцеларии со бели ѕидови прават многу повеќе грешки во својата работа отколку оние кои работат во канцеларии со црвени или зелени ѕидови.

Зелена

Не е невообичаено луѓето да го пополнуваат своето работно опкружување со билки, но дури и зелените ѕидови или тапетите можат да имаат позитивен ефект врз нас. Од неодамна е познато дека зелената боја ја зголемува визуелната креативност, додека нејзиното влијание на вербалната креативност е занемарлив.