Активниот сексуален живот е природен начин за превенција против камења во бубрезите, утврдија истражувачите од Турција.
Интимните радости 3-4 пати неделно му помагаат на организмот спонтано да се исчистат од опасните супстанции
Турските лекари од Ankara Training and Research Hospital тврдат дека маж со секс доза од 3-4 пати неделно се прочистува многу поефикасно во споредба со оние кои прибегнуваат поретко до креветот или се на сексуални пости.
Нивното истражување е објавено од специјализираното издание “Урологија” (Urology). Истражувачите зеле 75 волонтери и ги разделиле на три групи.
Учесниците во првата група имале секс 3-4 пати неделно, во втората група го земале лекот тамсулозин што го пијат мажите со зголемена активност на простата за олеснување на уринирањето, а во третата група добивале стандарден третман.
Од 31 маж од првата група кои редовно имале секс, 26 се исчистиле од камењата. Во втората група успехот имало само кај половина учесници, а во третатата – само 8 од 23 волонтери.