Едноставен додаток во исхраната може да ги намали шансите за развој на деменција во староста

1963

Земањето на овој додаток може да го подобри здравјето, но треба да се консултирате со лекар пред да го земете.

Една нова сеопфатна студија покажа дека луѓето кои земаат додатоци на витаминот Д имаат помала веројатност да развијат деменција од оние кои не го прават тоа, објавено во стручното списание Alzheimer’s & Dementia: Diagnosis, Assessment & Disease Monitoring.

Истражувањето, спроведено од научници од Британија и Канада, опфатило 12.400 учесници, кои во просек имале 71 година. Утврдено е дека сите испитаници биле здрави на почетокот на студијата и не страдале од деменција.

Околу 4.600, или 37 отсто, рекле дека земаат додатоци на витаминот Д, кои вклучуваат комбинација од калциум и витаминот Д, холекалциферол (витамин Д3) и ергокалциферол (Д2).

Десет години по почетокот на студијата, деменцијата се развила кај речиси 2.670 учесници во студијата.

Од пациентите со деменција, само 679 или 25 проценти земале додатоци на витаминот Д, а 75 проценти или 2.000 не земале.

Откриено е дека во групата учесници кои земале додатоци на витаминот Д, биле забележани 40 отсто помалку дијагнози на деменција во споредба со останатите испитаници.

Студијата покажала дека започнувањето со додатоци на витаминот Д порано може да биде особено корисно за спречување на когнитивниот пад, рече Zahinoor Ismail, професор на Универзитетот во Calgary и главен автор на студијата.

Интересно е и тоа што истражувањето откри дека додатоците на витаминот Д имаат повеќе корист за одредени подгрупи учесници во студијата: жени, луѓе со нормални когнитивни способности, за разлика од лицата на кои претходно им биле дијагностицирани благо когнитивно оштетување и луѓе кои не се носители на генот APOE-e4.

Научниците појаснија дека приближно 40-65 отсто од заболените од деменција го носат овој ген, а тој е поврзан со регулирање на липидниот метаболизам и го зголемува ризикот од развој на болеста.

Истражувачите веруваат дека носителите на овој ген го апсорбираат витаминот Д од цревата, што потенцијално може негативно да влијае на ефикасноста на додатоците во исхраната.

Спречувањето или одложувањето на развојот на деменција е клучно со оглед на зголемениот број на засегнати луѓе, рече Byron Creese, невронаучник кој е коавтор на студијата и е предавач на Универзитетот во Exeter. Врската со витаминот Д во оваа студија сугерира дека земањето додаток на витамин Д може да биде многу корисно за спречување или одложување на развојот на деменција.

Во некои земји, каде луѓето се помалку изложени на сончева светлина во зимските месеци, се препорачува да се зема витаминот Д, а единствениот начин да знаете дали имате недостаток на овој витамин е тест на крвта.

Нутриционистите предлагаат луѓето кои сакаат да почнат да земаат додатоци на витаминот Д прво да се консултираат со својот лекар, бидејќи земањето премногу во некои случаи може да резултира со запек, гадење, повраќање, дезориентација и грчеви во мускулите.